Video Galerija
Заморот е твоето второ име? Промени го! Ферозомал - иновативна технологија која прави разлика
FEROZOMAL / ФЕРОЗОМАЛ
Микрогранули за директна употреба
Ќесичките FEROZOMAL содржат железо (железо пирофосфат) во форма на липозомален комплекс. Железото е опкружено со фосфолипиден двослој (липозом) и не е во директен допир со слузницата на гастроинтестиналниот тракт, што гарантира голема биорасположливост и добра подносливост на железото, без метален вкус во устата.
Дознајте повеќе за производот на: https://zdravjebezrecept.mk/product/ferozomal/
...
Заморот е твоето второ име? Промени го! Ферозомал - иновативна технологија која прави разлика!
FEROZOMAL / ФЕРОЗОМАЛ
Микрогранули за директна употреба
Ќесичките FEROZOMAL содржат железо (железо пирофосфат) во форма на липозомален комплекс. Железото е опкружено со фосфолипиден двослој (липозом) и не е во директен допир со слузницата на гастроинтестиналниот тракт, што гарантира голема биорасположливост и добра подносливост на железото, без метален вкус во устата.
Дознајте повеќе за производот на: https://zdravjebezrecept.mk/product/ferozomal/
...
Proculin Tears Advance Plus и Proculin линија за комплетна нега на очите!
Очите ви се уморни, иритирани, суви? Proculin Tears Advance + и Proculin – линија за комплетна нега на очите!
Иритација, чешање, црвенило на очите? - Не грижете се!
Освежете ги, смирете ги и навлажнете ги сувите очи. Кога се суви, иритираните очи може да претставуваат проблем, но капките за очи PROCULIN TEARS ADVANCE + ги решаваат проблемите! Очите ќе ви бидат благодарни.
PROCULIN TEARS ADVANCE + (10ml)
Капки за очи со 0,4 % вкрстена хијалуронска киселина, во шишенце од 10 ml за повеќекратно дозирање.
• Без конзерванси.
• Соодветен за контактни леќи.
• Повеќе за производот дознајте на: https://zdravjebezrecept.mk/product/proculin-tears-advance
Cross Linked Hyaluronic Acid е иновативна технологија на вкрстување на хијалуронската киселина со уреа, со што се засилуваат и се подобруваат механичките својства на природната хијалуронска киселина и се постигнува подолготраен и посилен ефект на:
• ХИДРАТАЦИЈА и задржување на водата во окото
• ЛУБРИКАЦИЈА на окото
• РЕГЕНЕРАЦИЈА на солзниот филм
• ОТПОРНОСТ на разградба со хијалуронидаза.
Пред употреба внимателно да се прочита упатството. За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.
...
Обраќање на Живко Мукаетов, Генерален директор/Претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје
Новогодишно обраќање до вработените на компанијата од страна на Генералниот директор/Претседател на Управниот одбор, Живко Мукаетов.
New Year’s Address to the company employees from CEO/MB President, Zhivko Mukaetov.
...
Малите алкалоидовци го истражуваат „Алкалоид“
„Алкалоид“ во својот развоен фокус ги има, пред сѐ, своите вработени и нивните семејства, а грижата за најмладите е клучен дел од алкалоидовата корпоративна култура. Во насока на зајакнување на чувството за припадност на колективот и кај најмладите членови, „Алкалоид“ ги отвори вратите од своите производствени погони во сегментот козметика за децата на тамошните вработени, со цел непосредно запознавање со компанијата во која нивните родители го поминуваат своето работно секојдневие.
...
Becutan Sensitive - нова линија производи за особено чувствителна кожа
Со гордост ви ја претставуваме новата линија на Becutan наменета за чувствителна кожа – Becutan Sensitive!
Создадена да обезбеди нежност уште од првиот допир и за најчувствителната бебешка кожа, надополнета со искрена љубов за нашите најмалечки, оваа линија претставува дополнување на досегашното портфолио на Becutan со долгогодишна традиција и со докажан квалитет.
...
60 секунди здравје
Што е здравје?
Ги запрашавме малите членови на големото семејство „Алкалоид“.
Иако тие и ние, големите, имаме различни перцепции за поимот, согласни сме во едно: здравјето е најважното нешто во животот! А денеска е одличен ден за потсетување на овој приоритет.
Токму на овој ден ние и нашите дечиња почнуваме серија влогови посветени на темата со наслов „60 секунди здравје“.
Да го празнуваме и да го чуваме сопственото здравје секој ден зашто здравјето е пред сѐ!
Среќен Светски ден на здравјето!
...
Среќен Светски ден на здравјето
Среќен Светски ден на здравјето!
Чувајте го и грижете се затоа што кога имаме здравје, имаме сѐ.
Здравјето пред сѐ!
...
60 секунди здравје - aлергии
Кивањето, течењето на носот, гребењето на грлото и насолзените очи се честа симптоматологија, особено напролет.
Д-р Снежана Петровска, спец. клинички фармаколог во „Алкалоид“, објаснува што е, всушност, алергиjaта, што ја предизвикува и како се манифестира.
Следете нѐ и бидете со нас и во следните #60СекундиЗдравје!
#АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСе #ШтоЕЗдравје #60секундиЗдравје
...
60 секунди здравје - вируси и бактерии
Правилната и редовна хигиена на рацете може да ги спречи болестите предизвикани од вируси или од бактерии.
Д-р Сандра Чомовска-Мадевска, спец. педијатар во „Алкалоид“, ни ги објаснува разликата меѓу вирусите и бактериите, нивното третирање, како и заштитата од лошите вируси и бактерии.
Што ќе донесат следните #60секундиЗдравје? Следете нè и дознајте!
#АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСе #ШтоЕЗдравје #60секундиЗдравје
...
60 секунди здравје - Совети за здрави очи
Преку своите очи ги впиваме сите убавини на овој свет, па затоа е неопходно да се грижиме за нивното здравје.
УВ-зраците, прекумерното изложување на дигитални уреди и нередовниот сон се само неколку од факторите што ги посочува д-р Андреа Пуздерлиски од „Алкалоид“ како штетни за нашиот вид.
Во овие #60СекундиЗдравје со „Алкалоид“ научете го правилото „20-20-20“ и направете мал, но значаен чекор за зачувување на својот вид.
Следете ги и следните #60СекундиЗдравје затоа што здравјето е во сите мали нешта; здравјето е пред сѐ!
#АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСѐ #60секундиЗдравје #ШтоЕЗдравје
...
60 секунди здравје - Светски ден за безбедност и здравје при работа
Човечките ресурси се еден од нашите главни приоритети!
Денешните #60секундиЗдравје му ги посветивме на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа. Никола Ефтимов, Менаџер на Oдделот за човечки ресурси во „Алкалоид“, објаснува за важноста на безбедноста и на здравјето при работа за секој еден од вработените во „Алкалоид“ АД Скопје.
Следете нѐ и бидете со нас и во следните #60секундиЗдравје!
#АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСѐ #60секундиЗдравје #ШтоЕЗдравје
...
60 секунди здравје - Зошто е важна водата за нас?
Што можат да направат 8 чаши вода на ден за вас и за вашето здравје?
Д-р Кристијан Илчевски од „Алкалоид“ ги посочува сите често занемарени придобивки од редовната хидратација, како на пример доволна концентрација, регулирање на телесната температура и чистење на организмот од токсини.
Затоа, не заборавајте да се хидрирате често, да пиете вода доволно и, секако, да нè следите и во следните #60секундиЗдравје.
Водата е здравје - здравјето е пред сè!
#АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСѐ #60секундиЗдравје #ШтоЕЗдравје
...
60 секунди здравје - Mеѓународниот ден на чајот - повод да се потсетиме на придобивките од шолја чај
21 мај – Mеѓународниот ден на чајот е одличен повод за да се потсетиме на сите придобивки што може да ни ги донесе една шолја чај.
Маја Стефкова, менаџер на Секторот за развој – билкарство, во денешните #60СекундиЗдравје нѐ воведува во процесот на создавање на добропознатите чаеви Good Nature и во умешноста на креирањето хармонични и уникатни билни мешавини.
Издвојте барем 60 секунди секој ден за да размислите што сѐ може да направите за своето здравје, а дадете си го и потребното време за да уживате во шолја вкусен и квалитетен чај.
#АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСѐ #60секундиЗдравје #ШтоЕЗдравје
...
60 секунди здравје - Како против убоди од инсекти
Уживањето во топлите денови може многу лесно да биде попречено од здодевните инсекти.
Во денешните #60СекундиЗдравје Добрила Секуловска-Поповска, Менаџер на Секторот за развој - козметика, објаснува како да се заштитиме од убодите од инсекти и како да го намалиме непријатното чувство по убодот.
Следете нѐ и во следните #60СекундиЗдравје бидејќи колку повеќе знаете толку попосветени ќе бидете на сопственото здравје!
#АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСѐ #60СекундиЗдравје #ШтоЕЗдравје
...
60 секунди здравје - Светски ден на велосипедизмот
Чувајте ја околината и додајте му доза физичка активност на секој ден!
На Светскиот ден на велосипедизмот „Алкалоид“ официјално пушти во употреба нови паркинзи за велосипеди, чиј број сега изнесува 120!
Нека денешните #60секундиЗдравје ве инспирираат да донесете уште една добра одлука, која позитивно ќе се одрази врз вашето здравје и врз животната околина!
Здравјето пред сѐ!
#АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСе #60секундиЗдравје
...
60 секунди здравје - Безбедност на храната
Одлуката за здрав живот ја носиме секој ден и со сето она што го внесуваме во нашиот организам, па токму затоа храната што ја земаме треба да биде здрава и безбедна.
За Светскиот ден за безбедност на храната го посетивме ресторанот за колективна исхрана на „Алкалоид“, кој постои од 1972 година и кој секојдневно ги опслужува сите наши вработени, ставајќи осoбен акцент врз безбедноста на храната која таму се приготвува.
Д-р Билјана Георгиева објаснува за мерките за безбедност што ги преземаме и за стандардите според кои се водиме за да се осигураме дека секој оброк ќе значи здравје за нашите вработени.
#АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСе #60секундиЗдравје #ШтоЕЗдравје
...
60 секунди здравје - Светски ден на крводарителството
Нашата традиција за организирано дарување крв датира од седумдесеттите години од минатиот век.
На денешната акција по повод Светскиот ден на крводарителството, која се одржа под мотото ,,Спаси живот, дарувај крв!”, се пријавија 140 крводарители вработени во ,,Алкалоид”, од кои најактивниот има донирано крв 53 пати.
Дарувањето крв е одраз на човечката хуманост и на солидарност, а со ваквите организирани акции сакаме да оставиме сопствен придонес во развојот на македонското крводарителство. @alkaloidskopje
#АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСe #60секундиЗдравје #ШтоЕЗдравје
...
60 секунди здравје - Што е говор на омраза?
Со говорот на омраза, за жал, се соочуваме од најрана возраст, а оваа појава може да остави значителни последици врз психичкото здравје на луѓето, доколку не ѝ се обрне соодветно внимание.
Во денешните #60СекундиЗдравје свое видување за говорот на омраза дава нашиот психолог Марина Волканоска.
#АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСè #60СекундиЗдравје #ШтоЕЗдравје
...
60 секунди здравје - Зошто е важно спиењето
Добриот сон е здравје!
Поради брзото темпо на живот неретко забораваме колку е важен редовниот и квалитетен сон. Затоа, заедно со нас и со нашиот д-р Андреа Пуздерлиски, издвојте #60СекундиЗдравје и дознајте колку часа сон се неопходни за нашиот организам да биде подготвен за предизвиците на новиот ден.
#AлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСе #ШтоЕЗдравје
...
60 секунди здравје - Безбедно на одмор
Во време на летни одмори важно е соодветно да се подготвиме за секое патување, пред целосно да му се препуштиме на уживањето.
Во денешните #60СекундиЗдравје д-р Елена Ангеловска-Ѓуровска, нѐ потсетува кои производи треба задолжително да ги понесеме со себе за безбеден одмор, особено нагласувајќи ја грижата за заштита на кожата од штетните УВА/УВБ сончеви зраци.
Да ги зачуваме нашето здравје и здравјето на нашите најмили и да уживаме во секој нов ден каде и да сме!
Тимот на #60СекундиЗдравје ви посакува убави летни одмори! Се гледаме на есен со нови содржини!
#АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСе #ШтоЕЗдравје
...
60 секунди здравје - Нова сезона
Се збогуваме со летото, но им посакуваме добре дојде на есента и на новиот серијал влогови „60 секунди здравје“.
Како и претходно и овојпат нашите драги Кики и Иринеј ќе нè водат низ различни аспекти на човековото здравје и ќе зборуваат на особено интересни теми поврзани со општествената одговорност.
Имате идеја или, пак, сакате да слушнете нешто повеќе од нашите професионалци на одредена тема?
Пишете ни во коментар и следете нè за многу нови содржини!
#АлкалоидСкопје #60СекундиЗдравје #ЗдравјетоПредСе
...
60 секунди здравје - ДОНИРАЈ ОБЛЕКА – СПОДЕЛИ ДОБРИНА!
ДОНИРАЈ ОБЛЕКА – СПОДЕЛИ ДОБРИНА!
Ова е мотото на нашата хуманитарна акција за донирање облека, која ја спроведуваме во соработка со Црвениот крст. Акцијата трае до 30 септември, а отворена е за повеќе од 2000 вработени во „Алкалоид“ АД Скопје.
#АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСе
...